ЗанимливостиСвет

Фејсбук и Инстаграм советувани да ја ослободат брадавицата

Советодавниот одбор на компанијата Мета смета дека политиката на покривање на брадавиците пречи на слободата на изразување на жените, транс и небинарните луѓе.

Во одлука од 17 јануари, одборот што го сочинуваат група академици, политичари и новинари кои ја советуваат компанијата за политиките на содржини, препорача Мета да ја смени политиката за стандардот за голотија и сексуално поврзана содржина со цел „да биде со јасно нагласен критериум што ќе ги почитува интернационалните стандарди за човековите права“.

Ова мислење доаѓа по два цензурирани постови објавени на Фејсбук од американски пар кој е трансродов и небинарен. Постот го покажува парот топлес, но со покриени брадавици, со опис за објаснување на здравствениот систем за трансродовите лица и собирање пари за операција.  Постовите биле означени како несоодветни од други корисници и биле избришани од системот за вештачка интелигенција на Фејсбук. Откако парот се побуни за одлуката Мета им ги врати постовите.  Одборот забележа дека политиката за голотија е основана на бинарниот поглед на родовите и разликите помеѓу мажите и жените, што ги прави нејасни правилата против откривање на брадавиците кога се работи за интерсекс, небинарни и трансродови корисници.

Кампањата Free the nipple е  започната од неколку девојки во Њујорк, кои протестираа против цензурата на женските гради, а прерасна во неформално, глобално движење кое се залага за еднаков третман на сите тела во јавниот простор, зајакнување, владеење со сопствената сексуалност и тело, како и фокус кон (не)безбедноста на јавните простори. Free the nipple кампањата масовно се користи и во дигиталниот простор, против цензурата на женското тело, како онлајн, така и офлајн. „Лактивистите“ уште од 2000-тите се обидуваат да ја изменат сликата за градите како само сексуална, а кампањата доби голема поддршка на колеџ кампусите и беше поздравена од познатите како Ријана, Мајли Сајрус и Лена Данам. Актерката Флоренс Пју пред извесно време на црвениот тепих носеше проѕирен фустан од Валентино за кој истакна дека нема намера да навреди некого со истиот, но нејзината цел како што истакна била: зошто воопшто брадавиците би навредиле некого?

Извор



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.