Црна Хроника

Фамозниот охриѓанец Нефи Усеини со кундак раскрварил глава на сограѓанин, полицијата информирана

Советникот на ДУИ во општина Охрид и познат локален бизнисмен Нефи Усеини денеска учествувал во тежок инцидент во кој едно лице е потешко повредено.
Очевидци тврдат дека нешто по 11 часот денеска во пред хотелот Јуник во Охрид по вербална расправија советникот на ДУИ со кундак од пиштол неколку пати во пределот на главата удирал друг Охриѓанец кој е однесен во охридската болница.
Блиски на нападнатиот тврдат дека за настанот е поднесена пријава до охридската полиција каде сеуште се размислува за преземање мерки против локалниот бизнисмен и општински советник.
Нападнатиот има тешки повреди на главата и вообичаено за ваков вид на насилство полицијата веднаш презема мерки за приведување на напаѓачи и расчистување на случајот.
Нефи Усеини е познат на македонската јавност по неколку инциденти од кои излезе без потешки последици.
Во еден случај тој нападна инспектори кои му ја уриваа дивоградбата во охридската чаршија, потоа вербално нападна новинар а имаше и пријава за физички напад врз колега од БЕСА како и професор на Шруловиот универзитет.
https://expres.mk/sovetnikot-useini-prijaven-vo-mvr-otkako-natepa-profesor/.

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 19:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.