Занимливости

Фадиљ Цана ќе го кутне Беким Сали од фотелјата во Здравство?

Инфектологот Фадиљ Цана е можниот кандидат за министер за здравство од Алијансата за Албанците во случај партијата да влезе во Владата, информира Клан М.

Цана не ги коментира шпекулациите.

– Партиските органи ќе одлучат дали јас ќе бидам идниот министер за здравство – изјавил Цана за Клан М.

До крајот на неделата Арбен Таравари очекува да ја добие првичната понуда со ресори, но и конкретни законски решенија што биле во неформалните преговори меѓу СДСМ и Алијанса договарани.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од партиите членки на коалицијата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.