Македонија

Европол открива атентат врз Вучиќ, од мафијашот Звицер кому Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош

„Нов скандал го тресе МВР на Спасовски. Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата “мафија” пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер.

Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема.

Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме.

Ова покажува дека покрај срамот за Македонија кој го приредува Спасовски, тој е отворен заштитник на криминалот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.