Македонија

Еве од што зависи оставkaта на Заев ќе останел бе решил а?

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ својот мандат да го заврши до 2024 година. Заев вели, се ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

-Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, вели премиерот во изјава за Телма.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши утре попладне повторно ќе се состанат, потврдуваат од СДСМ за Канал 5.

Од СДСМ не кријат дека се подготвени да отстапат министерски места за Алтернатива, но немаат конкретен одговор кои ресори би ги отстапил СДСМ. Поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите, вели Стефан Васев од СДСМ за Канал 5..

Кон што конкретно цели Алтернатива останува непознато, иако во јавноста се шпекулира дека апетитите се движат на ниво на едно до две министерски и повеќе директорски места.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.