Свет

Еве колку пари заработи Путин во 2020 година: И понатаму вози стара волга

Приходот на рускиот претседател Владимир Путин во 2020 година изнесува 9 милиони 994 илјади рубли (околу 110 илјади евра). Ова се наведува во неговата изјава за приход, трошоци и имот, објавена во петокот на веб-страницата на Кремљ, јави ТАСС.

Приходите на шефот на руската држава се покажаа за 268 илјади рубли поголеми отколку во 2019 година, кога Путин декларираше приход од 9 милиони 726 илјади рубли. Приходот на рускиот претседател во 2017 година останува рекорден – повеќе од 18,7 милиони рубли, но во таа сума влегуваат и средствата од продажба на парцела од 15 хектари.

Списокот со имотот на рускиот претседател во декларацијата не е променет. Има стан со површина од 77 квадратни метри и гаража со површина од 18 квадратни метри, две стари возила, Волга ГАЗ М21, џип Нива и приколка Скиф. Претседателот користи стан од 153,7 квадратни метри и гаража од 18 квадратни метри Сите овие објакти се наоѓаат во Русија.

Во 2018 година, приходите на Путин изнесуваа скоро 8,65 милиони рубли, во 2016 година – скоро 8,86 милиони рубли, во 2015 година – скоро 8,9 милиони рубли. Претходно, приходот на шефот на руската држава беше помал: во 2013 година – 3,6 милиони рубли, а во 2014 година, по зголемувањето на платата на претседателот и премиерот, чии плати во тоа време заостануваа зад приходите на нивните подредени – 7,6 милиони рубли.

Рускиот премиер Михаил Мишустин заработил 19 милиони и 853 илјади рубли во 2020 година (околу 210 илјади евра).

Портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, има приход над 12,5 милиони рубли.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „како се размножува канабисот? фаза на клониране Ce отсекуваат гранчина од женското растение, кои потоа ce засадуваат ис чека од до 12 дена да пуштат сопствени коренчина. 2. вегетативна фаза од прилика месеци, за време растенијата треба бидат изложени на светлина 24 часа дневно. 3. трае 金国 2 2000 фаза на цветане 50 до 75 дена. за време период растенијата треба бидат шема. Ce користат натриумови светилки имитираат есенското светло. фаза на процесиране растенијата сечат kaj основата, езакачуваат наопаку, потоа отстрануваат туфките листовите. 5. фаза на стврднуване трае недели состои од“

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „mya6eTи MYASETH On 28 HeAeлa 22.00 meAиKaл 420“



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.