ЖивотЗабава

Естрадни македонски ѕвезди „од времето“, кои ги имаме подзаборавено. Како изгледаат денес Ена Веко, Ристо Бомбата…?

Македонската естрада и музика го доживеаја својот своевремен „бум“ отприлика пред 20 години од сега. Во тоа време излегоа многу нови музички ѕвезди кои со својата појава оставија белег и до денес денешен. Некои од нив се одамна преселени од Македонија, а некои пак, ја имаат оставено својата кариера во минатото и се занимаваат со сосема нешто друго.

Денес, решивме да ве вратиме неколку години наназад и да ве потсетиме на овие естрадни уметници и нивните хитови, кои ќе ве направат малку носталгични, но и среќни, што сте биле дел од оваа епоха.

1. Ена Веко

Ена Веко се сметаше за првата раперка во Македонија, девојка која ја изненади јавноста со својата појава и стил. Таа е една од ретките која својата кариера ја заврши во нејзиниот најголем подем, замина во Австралија кадешто живее и до ден денес. Во нејзината кратка кариера таа го издаде нејзиниот единствен албум насловен „Бубачки и градски ѕверки“, кој ги соединува сите нејзини хитови од тоа време, како што се: „До кога вака?“, „Келнерот“, „Царевата ќерка“ и други.

2. Ристо Бомбата (Кристијан Габровски)

Кристијан Габровски или Ристо Бомбата е македонски музичар, текстописец и композитор од 90-тите години. Во почетокот на деведесеттите, заедно со Борче Шабановски и Валентино Лаучоски, настапуваа под името „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ и достигнаа огромна популарност со своите интересни и сексуални  тематики во песните. Тој е денес сѐ уште присутен на македонската естрада, но само во позадина, најчесто како текстописец и композитор.

3. Дарио Панковски

Дарио Панковски или познат само по името Дарио е македонски пејач и композитор, кој својата слава ја доживеа во почетокот на 2000-тите години. Тој неговиот „бум“ го доживеа со неговата соло кариера, но исто така беше познат и по групата „Миг 21“ која беше основана во 1992 година. Иако поретко, но тој сѐ уште може да ја изненади македонската јавност со повремени настапи и видеозаписи.

4. Фиц („Студени нозе“)

„Студени нозе“ е македонски бенд на кој многумина имаат за прв пат искинато патики од играње. Тие направија многу хитови во 80-тите и 90-тите кои и до ден денес не размрдуваат безосетно. Некои од нивните најголемие хитови беа: „Кучето мое“, „Опинок“, „Неќу колор телевизор“ и други. Фиц е сѐ уште присутен во скопското секојдневие, посетувајќи локални места во Скопје на кои им дава посебен жар со неговата музика, или ретки поголеми јавни настапи, кои ја враќаат македонската публика во некои убави денови.

5. Ристо Вртев

Ристо Вртев е македонски музичар од крајот на 80-те години, најпознат како композитор, текстописец и вокалист на музичката група „Архaнгел“. Претходно Вртев бил член на „Мизар“ (прво откровение) и „Инола X“. Како гостин се појавува на албуми на Вања Лазарова и „Кисмет“, како и на компилацијата посветена на „Мизар“. Еден од главните личности во уметничкото движење Македонска Стрељба. Тој сѐ уште одржува јавни настапи и кога тоа се случува, ретко дека се пропушта.

6. Маријана и Росана

Пред речиси 30 години близначките Маријана и Росана Сариќ беа едни од главните ѕвезди кои ја тресеа македонската естрада со хитовите, кои и до денес се вртат на нашите радио станици. Најпрвин во забавните води и фестивали, а нивните хитови како „Признавам“ останаа и понатаму евергрини. Подоцна забавната ја заменија со народна музика во која не беа ништо помалку популарни. „Едно срце имам душо“ или „Свири ми брате Цигане“ се само дел од песните од нивниот опус кои оставија голем белег во македонската новосоздадена фолк антологија. И двете не се повеќе дел од македонската естрада, а Росана веќе со години живее во Австралија.

7. Елвир Мекиќ

Елвир Мекиќ веќе неколку години не е активен на македонската музичка сцена, а беше еден од најпопуларните пејачи кај нас. Елвир, заедно со неговиот пријател Јован Јованов полнеше сали и дискотеки во времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика, пред 15 години. Негови најголеми хитови беа: „Некаде после 2“, „Уште те има“, „Сега јас си заминувам“ и други.

Елвир долги години живее во Сараево, оженет е со Лејла која има свој салон за убавина, а неговиот син Дарис, наскоро ќе наполни девет години. Работи во винаријата „Тиквеш“ и како што вели, знае да запее за негова душа.

8. Цане Николовски

Цане Николовски е македонски пејач, музичар, флејтист. Во својата долгогодишна музичка кариера, помеѓу другото бил вокал и на групите „Мадригали“, „Гром и Бон – Тон“. Најпознат е по народниот хит „Жаклина“, испеан во 1990 година со групата „Елита“ од Битола.

Од 2004 Николовски живее во Аликанте во Шпанија. Во 2016 година, продукцијата „Лотус“ од Битола, снимила документарен филм за Цане Николовски со наслов „Патот за Аликанте“.

9. Александра Пилева

Александра Пилева започна да настапува во 2000-тите години во Скопје, во соработка со групата “Session Selection”, со која изведувале рок песни во клубови. Заедно со овој бенд таа настапуваше и на „Макфест 2000“, пеејќи ја нејзината автоска песна “Искривени слики”.

Со полни 22 години беше најстарата финалистка на изборот за најдобра песна „Плеј – потрага по ѕвезди“. На големото финале на манифестацијата, ја испеа песната „Ангел мој“. Најголем нејзин хит е песната „Нема утеха“. Таа одамна е преселена во Америка, но македонската јавност, од пред некое време ја изненади со нов албум.

10. Дарко Давитковски

Дарко Давитковски кој пред многу години ја испеа детската песна „Сакам кола убава“, сега е далеку од македонската естрада, но секогаш со возхит зборува за неа. Живее и работи во Македонија, оженет е и има една ќеркичка. Вели дека му е мило што и новите генерации го знаат неговиот детски хит, кој засекогаш ќе остане негово обележје.

Дали ве вративме во убавите денови на македонската естрада? Што мислите, што е она што ни недостасува сега на домашната сцена?

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.