Македонија

ЕСМ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ГИ ПРЕЗЕМЕ БЕГ И СКОПЈЕ СЕВЕР Скопјани ќе имаат парно до 1 часот по полноќ

До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО - информираат од компанијата.

ЕСМ информра дека во текот на  следната недела официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север.

-Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето –  велат од ЕСМ.

Во меѓувреме, АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.

– Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје – велат од ЕСМ.

Оттаму потенцираат дека греењето во градот Скопје нема да се исклучува во вечерниот термин до 22 часот, како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до 01 часот.

-До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО – информираат од компанијата.

Од АД ЕСМ истакнуваат дека стојат на ставот оти одлуките кои ги носат Владата  и РКЕ , и преземањето на обврските од страна на АД ЕСМ, ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска, но и електрична енергија кон граѓаните, со оглед на тоа што постои енергетска криза во глобални рамки.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.