Балкан

Елвир Мекиќ се откажа од музиката, ама му тргна у животот Жена му имала добар бизнис и го хранела

Елвир со ку* печали машкото

Долги години не живее во Македонија и одамна се повлече од домашната естрада, а порано беше еден од омилените пејачи на младите. Елвир Мекиќ сега е оженет и живее во Сараево.

Неговиот син Дарис, наполни седум години. За згодната сопруга Лејла, многумина мислат дека е модел, но таа има свој приватен бизнис во кој и Елвир е вклучен, а тоа е салон за убавина во Сараево.

Елвир, слично како и неговиот другар и колега Јован Јованов беше карактеристичен по танцувањето на сцената. Секој негов спот и јавен настап беа проследени со интересна кореографија.

Сега и Дарис оди по стапките на татко му. Неодамна, Мекиќ беше во Скопје, и објави интересно видео со синот, на Школка во Градскиот парк, како го учи да го совлада Coffin Dance.

Крушата под круша паѓа,а Дарис изгледа ќе биде новиот Елвир.

Инаку, во 2014 настана скандал на Скопскиот фестивал, кој беше домашен избор за Песна на Евровизија, а Мекиќ беше автор на песната за која постоеа сомнежи дека се купувале гласови.

Мекиќ тогаш веќе беше во Сараево, не беше присутен на фестивалот, во јавноста никогаш не даде изјава за случката.

И неговиот пријател Јован Јованов со кој што има снимено многу дуети долги години не е во Скопје.

Тој живее и работи во Канада.

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 07:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.