Македонија

Еленко Миланов за случајот „Талир“: Спротивно на закон чуваат судија поротник со истечен мандат, само предметот да опстои

Еленко Миланов за случајот „Талир“: Спротивно на закон чуваат судија поротник со истечен мандат, само предметот да опстои

Адвокатот Еленко Миланов говорејќи за случајот Талир во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека судот и републичкиот судски совет преку игра на зборови се обидуваат да задржат судија поротник чиј мандат е завршен, и спротивно Законот за судови го чуваат, само тој предмет да опстои.

-Согласно Законот за судови вели се бираат поротници на рок од 4 години и може да бидат избрани до 60 години и можат да обавуваат функција до 60 години. Зошто би се бирале поротници на 58 или 59, но законот е јасен дека функцијата треба да му престане на 60. Но, да се донесе и таков заклучок тоа може да биде сторено по негово барање или на претседателот на судот. Во соопштението на републичкиот судски совет од 7 јуни стои дека е донесен заклучок со кој е престанат мандат на судија во основен кривичен суд истиот каде што се наоѓа и овој поротник, поради наполнување на старосната граница. Зошто тоа важи и е побарано за едниот, а не и за другиот поротник тоа надлежност на претседателот и самиот судски совет, изјави Миланов.

Миланов потенцира дека требало многу порано да мислат и да планираат дека на овој судија поротник ќе му заврши мандатот, но и дека постојат резерви на судии поротници, а само во овој случај нема.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ

 

Соопштението на основен кривичен суд во текот на вчерашниот ден, претставник на политичката партија го истакна тоа јавно во судница дека не може да биде тој судија поротник и дека не сака да учествува во постапка додека има поротник кој не може да ја обавува таа функција после 60 години и ја напушти седницата. Судот имаше соопштение каде велат дека републичкиот судски совет е известен. Зошто го известиле ако не побарале да биде разрешен. Користат игра на зборови и се обидуваат на тој начин да опстојува тој судија поротник. Ако го гледаме законот за судови има проблем со понатамошното опстојување на овој судија поротник и тоа мора да го решат, нагласи Миланов.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.