ЗабаваЗанимливостиСекс

Елена Велевска „пука“ од сексапил во секоја комбинација, но се сеќавате ли како изгледаше фолкерката на почетокот на кариерата? kако згужвана крпа беше

и да не е сама уште една кокошка подолу

Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст кој вели „--тате, зошто jac сум ви единственото дете? --затоа што, многу сакаше да спиеш co нас, сине... вицови за душа“Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст кој вели „--тате, зошто jac сум ви единственото дете? --затоа што, многу сакаше да спиеш co нас, сине... вицови за душа“Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст кој вели „--тате, зошто jac сум ви единственото дете? --затоа што, многу сакаше да спиеш co нас, сине... вицови за душа“

Елена Велевска „пука“ од сексапил во секоја комбинација, но се сеќавате ли како изгледаше фолкерката на почетокот на кариерата? (ФОТО+ВИДЕО)

Елена Велевска важи за една од најзгодните, најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк пејачки кај нас.

Што и да облече го носи со стил, па за неа  важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ. Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста, која редовно ја информира за себе и својата кариера на социјалните мрежи, по што следуваат лавина на коментари, лајкови и споделувања.

Но дали Елена отсегош изгледала вака, од првото појавување, првиот снимен видеоспот?

 

Можеби не токму исто, не вака како денес, иако е факт дека уште со нејзиното прво појавување постави некои стандарди кои дотогаш не беа видени.

Првата песна која Велевска ја снимила се вика “Сонувам”, но дури по објавувањето на “Пу,пу машала” го сврте вниманието кон себе и оттаму се’ започна. Првиот спот Елена го платила 1500 тогашни германски марки, а и денеска таа важи за една од оние кои најмногу вложуваат во сите сегменти на својата кариера, па и кога се видео записите во прашање. Досега Велевска има соработувано со најеминентните режисери кај нас, но и пошироко меѓу кои: Александар Ристовски-Принц, Чедо Поповски, Даниел Јовевски, Бане Поповиќ… а покрај нашите македонски, тука се уште и српскиот режисер Дејан Миличевиќ, како и соработката со еден од најдобрите во соседна Бугарија, Љуси.

Велевска не изгледа многу различно од првиото видео до сега, освен бојата на косата и имиџот, што е логично, зашто и модата со текот на времето се менуваше, а и самата таа, која и денес изгледа привлечно, пожелно, секси, атрактивна е и згодна  и покрај тоа што има родено три дечиња.

И понатаму има успешна кариера, а за нејзините настапи и концерти се бара место или билет повеќе и во Македонија и надвор од неа, во дијасопората. Или што би се рекло, како во песната: „Пу, пу машала… Да не ја урочиме…“!

Еве мало потсетување како изгледаше Елена Велевска во првиот свој снимен видеоспот:

Сузана Гавазова како секси „тигрица“: Бујна однапред, раскошна одзади, струмичката фолк ѕвезда вака се загрева пред „тезга“ (ФОТО)

Сузана Гавазова е една од  најкомплетните македонски фолк пејачки. Доволно добар глас, уште попримамлив стас, поглед што пали и насмевка што плени, долги нозе, бујна однапред, раскошна одзади… Гавазова во секое време има што да понуди. И за слушање и за гледање.

Можеби токму затоа е и една од најбараните кога се во прашање настапите или популарно наречените „тезги“, од кои естрадата всушност и живее. Концерт, настап, прослава, свадба, што и да е… Работата навидум – песна, а всушност далеку од лесна и уште повеќе стресна, зашто на секоја „тезга“ треба да си 100% во форма, башка тип-топ скоцкана, а и никогаш не знаеш што те чека, со што публика и каков тип на гости ќе се соочиш. Тоа Гавазова и тоа како добро го сфатила, па затоа се труди за секоја прилика да биде максимално подготвена.

Како што спортистите пред секој натпревар, пред да излезат на терен се загреваат, така и фолкерката покажа како изгледа нејзиниот ритуал пред да „истрча“ пред гостите за да ја започне забавата во клубот, салата, ресторанаот, кафеаната… Овој пат Сузана Гавазова во познатото кумановско спа, како „секси тигрица“!

Во кусо фустанче со тигрести шари во вид на апликација и длабоко деколте за подобра „визуелна комуникација“ со гостите, Гавазова најпрвин долгите нозе обуени во модерни летни сандали на високи потпетици ги прошета во ходникот на катот од хотелската соба.

Малку фолк „cat walk“ на струмичката убавица за лична самодоворба и загревање пред долгото стоење на нозе, што ја очекува.

Потоа едно свртување, еден манекенски полукруг пред лифтот чија метална врата послужи како огледало за огледување и меркање, но и за секси танцување и тверкање.

Раскошна однапред, расна одзади, со извајана задница и бујни гради, „струмичката тигрица“ со секси изглед од кој „паѓа вилица“!

Уште пред да излезе на сцената Гавазова со своите провокативни движења кои се толку сочни, покажа  дека има моќ да ги „запали“ своите обожаватели, но и оние кои музиката ја впиваат „само со очи“!

Впрочем, доволен е само еден нејзин поглед в очи да ги скроти како деца мали, поглед, кој мами, привлекува и „пали“…

Дека ова не е само случаен ритуал пред настап кој го практикува туку така, Гавазова покажа веднаш штом стапна меѓу својата гостинска клиентела.

Микрофонот в рака за песна и истите провокативни секси движења во ритамот на музиката за „лудница“ во публиката. Проверен концепт по стариот добар рецепт.

А кога распложението на гостите ќе достигне делириум и бакшишот достига – максимум!

Фото: Интаграм принтскрин/suzanagavazova



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.