Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: Изет Меџити ги уценува ДУИ и СДСМ – Или јас вицепремиер, или нема Влада

Се усложнува процесот на формирање на Влада помеѓу СДСМ и ДУИ.

Пратеникот Изет Меџити заедно со уште двајца друг пратеници од ДУИ најавуваат дека нема да гласаат за новата Влада доколку не се исполнат нивните барања – дознава Лидер од извори во ДУИ.

Како што дознаваме Изет Меџити бара тој да биде на позицијата прв вицепремиер која му е доделена на Артан Груби, но зад Меџити стојат пратенците Арбен Зибери  и Берат Ајдaри, тие се многу блиски.

Ако не се најде некое решение побрзо тешко дека ќе пројде гласањето утре, а и подоцна можно е Владата или голем дел од министрите да не пројдат поради недоволен број на гласови. Меџити сака вицепремиерско место во спротивно нема да гласа за Влада – вели за Лидер високо позиционаран извор во Демократската унија за интеграција.

Инаку Зоран Заев и Али Ахмети имаат вкупно 62 пратеници и без овие тројца не би можело да помине гласањето ниту за Влада ниту за избор за претседател на Собранието.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.