МакедонијаТОП

ЕЕЕ ОД КОГА ДОКАЗ ПИША ДЕКА ЃОКО ОД ЦАРИНА ЌЕ ГО ШУТНАТ: Горан Сугарески е назначен за Директор на Царинската управа

СУГАРЕ МЕ ПОТСЕЌА НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ МНОГУ, АЈДЕ ПАЦКЕЕЕ ПУШИНЕЛА СЕГА

На денешната седница, владата го именуваше Горан Сугарески за директор на Царинската управа.

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година.

Сугарески до пред неколку месеци ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски.



Македонија

Заболени
89,463
Мртви
2,739
Излечени
74,800
Активни
11,924
Last updated: 21/01/2021 - 04:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.