Колумни

Еднаш лажго, секогаш лажго, еднаш дезертер, секогаш дезертер-тоа е Ковачевски

СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Откако беше фатен во лага дезертерот Ковачевски никаде го нема да појасни кога лажеше, дали кога велеше дека војска не отслужил заради школувањето, или кога велеше дека војска не служел поради хируршки зафат? Или и во двата случаи. Единствено постои тапија дека не бил во војска затоа што е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН. Тоа впрочем најдобро го опишува и Ковачевски и успесите на неговата Влада, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека зошто е потребата на Ковачевски да ја лаже јавноста, освен ако не сака да сокрие нешто. Дали приказните за хируршки зафати се замајување од вистината дека дезертирал, дека го избегнал повикот да и служи на државата и дека во 2001 година кога илјадници се одзваа на повикот на државата тој трчал по медицински белешки и оправдувања.Фатен во малверзации сега се вади на воени тајни, државни тајни, лажно морализира, измислува нови лаги и што ли уште не. Но така само уште повеќе се закопува.

Од таму додаваат дека еднаш лажго секогаш лажго. Еднаш дезертер секогаш дезертер. Тоа е Ковачевски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.