ЗабаваСексСпорт

Едина Муса ги покажа плочките на стомакот ама ја разголе и …..

Едина Муса ги покажа плочките на стомакот ама ја разголе и душата: Кој го разбуди „ѕверот“ во убавицата?

Македонска кошаркарка, бодибилдерка и фитнeс мис бикини, убавата Едина Муса оддамна решила своето тело да го доведе до совршенство. Секојдневните напорни вежби во тератаната, начинот на исхрана и додатоци  се оние нешта кои и помагаат на згодната билдерка да се обиде да се закити со уште некоја титула во овој спорт. Дека е на добар пат, покажуваат „плочките на мешето“ во вид на мускулни коцки со кои згодната бодибилдерка се пофали!

Арно ама, убаватa Едина се почесто покажува дека во неа се кријат два паралелни света. Во мускулестото тело на атлета, се крие нежна, ранлива и очигледно вљубена душа… веројатно, вљубена до гуша! Еден цитиран пост и анимацијата на еден од нејзините профили покажува дека убавата Едина паднала во закрилата на волшебната игра на сетилата. Но, од среќникот кој ги дели нежните прегратки на нејзините мускулести раце, ниту трага, ниту глас… ниту фотографија!

Кој тоа го разбуди „ѕверот“ во убавицата, останува тајна! Барем во јавноста! Иако муабети  и шпекулациите не престануваат да кружат по кулоарите. И по чаршиските, а во последо време и по оние политичките, откако русокосата тргна да гради и политичка кариера на последните локални избори.

Ама затоа какво е чувството или барем какво таа би сакала да биде – темелно опишано во „сочниот опис“ на еротскиот пост на убавата Едина. Анимираната фотографија е само илустрација… За оние што немаат бујна фантазија, па им треба и визуелна перцепција на распламтените страсти!

Прочитајте и погледнете што своевремено постираше сексапилната билдерка на својот профил и имајте убав ден… И бурна ноќ, секако!

„Тој ги стави рацете на двете страни од моето лице, и собата се преврте наопаку. Никогаш порано не сум била толку занесена во бакнежи. И тогаш, просторот меѓу нас експлодира. Моето срце почна да прескокнува додека се обидував со рацете да го донесам доволно блиску до мене. Го вкусувам и сфаќам дека сум гладна… за љубов! Јас и претходно љубев, но не се чувствував вака. Се бакнував и претходно, но ниту еден бакнеж така не ме запали“.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.