Црна Хроника

Еден од уапсените во Делчево за давање поткуп бил кандидат за градоначалник познат по тоа дека не знаеше говор да држи

Нема опис за фотографијата.

Приведеното лице за давање поткуп од 3.000 денари е кандидат за градоначалник на Делчево, а неговата партија се јави со реакција дека станува збор за политички притисок пред утрешните локални избори.

Од таму за Телма велат дека кандидатот бил задржан неколку часа во полициска станица и дека станува груб обид за заплашување.

-Во текот на денешниот ден истиот неколку часа беше лишен од слобода и без причина малтретиран од полициски службеници. Откако службите утврдиле дека нема кривично дело, кандидатот за градоначалник го пуштиле на слобода, реагира партијата.

 

МВР објави дека во Делчево се повикани две лица на информативен разговор откако едното на другото му дало 3.000 денари во замена за глас на локалните избори.

„На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан Н.С. (35) од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори“, објави МВР.

Исто така и обвинителството по насоки на МВР извршило разговор со повеќе лица, а паричните средства во висина од 3000 денари се одземени.

Полицијата најави соодветни пријави до обвинителството.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.