Живот

Еден Боне викаше дека треба поскапа струја, па го утепа гром,…богатите нека плаќаат поскапа струја,… госпожа пратеник нека не се качува на слива

Статуси на денот:

Имаше еден Боне Тртка, пред дваесет години исто тврдеше дека треба да плаќаме поскапа струја. Го утепа гром на слива кај дедо му. Собирал сливи за ракија. Не стигна да ја направи. Ми текна на ова ко ја слушав госпоЖа Морачанин и имам совет за неа. Само на слива не се качувај периодов – пишува Сашо Тасевки за несреќната изјава на пратеничката од ДОМ Морачанин вчера со која предизвика реакции во јавноста.

За оние ДОМ човек ќе чуе нешто само ако треснат некоја зелена (затоа ли се сметаат за зелена партија?). Лидерката им, вика дека струјата треба да биде скапа, за луѓето да не ја трошат многу (Марија Антоанета би рекла: Нека јадат свеќи). Ина Многуфина ja куражи дека па и не мора на тоа да се застане.

Јас мислам исто да биде многу скапа и да ја имаат само богатите и после ко ќе се поскапува да излезе некој ко Мира и да се повтори легендарната изјава согласно денот на глупи изјави “поскапувањето нема да влијае на сиромашните бидејќи тие не ни имаат струја”

Ина Многуфина



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:45 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.