КолумниТОП

Е ТОКМУ ТАКВО ЛИЦЕМЕРНО ДРУГАРЧЕ Е ЗОРАН ЗАЕВ

БЕШЕ ЕДНАШ ДРУЖБА, ПА БИДНА РАЗДРУЖБА

БЕШЕ ЕДНАШ ДРУЖБА, ПА БИДНА РАЗДРУЖБА

Еднаш, кога бев криминалец излезен од притвор, беше крај на јули 2017, во неговиот Кабинет, инкогнито (без протокол и сликање!) ме прими тогашното мое другарче (така ме викаше!), тазе избраниот премиер ЗОРАН ЗАЕВ. Во получасовната средба кај него на гости, меѓу другото го прашав:

,,Пошто немам пасош и морам да останам овде во Македонија, има ли нешто корисно што можам да сработам за оваа држава!?,,

Ми рече:

,,САМО ОСТАНИ ТАКОВ КАКОВ ШТО СИ, УДРИ И ПО МОИТЕ, ЈАС НЕ СУМ ГРУЕВСКИ ДА БРАНАМ КРИМИНАЛ!!!,,

Почекав да поминат локалните избори, за да не помагам ЧУДОВИШТЕТО пак да освои некоја поголема Општина, ама кога видов во која насока одат работите, негде од крајот на ноември таа година, почнав да УДАРАМ!

Веднаш ми се налути и ми пиша:

,,Ние ќе мораме да се раздружиме, ти биди си новинар, ја сум премиер!,,

Одговорив дека не сме се ни здружувале, па нема ни да се раздружуваме, оти за другарство треба многу повеќе од две средби од по пола саат и декларативна заложба за борба против корупција и криминал…

Инаку, не преминав и нема да преминам НИКОГАШ преку неговата дружба со УЧК…

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 22:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.