Колумни

Е па господине Премиер, овојпат претеравте и сега јас лично ќе Ви одржам еден историски час за да научите барем еден мал дел од историската лекција за маките на Македонскиот народ.

Социјалдемократот Ивица до Заев

Е па господине Премиер, овојпат претеравте и сега јас лично ќе Ви одржам еден историски час за да научите барем еден мал дел од историската лекција за маките на Македонскиот народ.

Ова на сликата е мојот починат дедо Апостол Апостолов, познат е како македонски и југословенски професор по географија, автор на многу географски, топографски и воени карти, активист на македонското студентско и комунистичко движење и член на МАНАПО, човек кој заедно со Киро Глигоров биле дејци на македонската група т.н. сепаратисти и автономисти кои се залагале за ослободување и обединување на Македонија, човек кој активно се вклучил во антифашистичкиот отпор и во 1943 година и бил еден од иницијаторите за формирање на Антифашистичкиот Народно Ослободителен Комитет кој бил формиран преку КПЈ и соработувајќи со Кузман Јосифовски-Питу дејствувале заедно со другите членови на АНОК за прашањето околу создавање на македонска држава во составот на тогашна Југославија. Дедо ми Апостол, бил човек кој активно учествувал во работата на форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската Федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија и човек кој во Втората светска војна бил двапати во затвор и мачен од бугарскиот окупатор, а кој бил наклеветен од страна на некој соработник на бугарскиот фашистички окупатор, првиот пат дека бил опасен “србин“, а вториот пат бил приведен како комуниста и бил затворен во близина на Ваташа.

Триесет и два дена пред да се изврши масакрот во Ваташа кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа, на само 2 км оддалеченост од Ваташа, дедо ми успеал да побегне од затворот со тројца партизани со тоа што бугарскиот војник кој дошол на смена за да ги чува, тој успеал да го излаже и да го убеди дека е внук на полковникот Љубен Апостолов кој во тоа време бил командант на 56тиот Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија и заедно четворицата избегале и се припоиле на партизанските одреди. Колежот кој бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков бил извршен поради тоа што имало повеќе синхронизирани акции во тој период на партизанските одреди на Третата оперативна зона кои им нанеле многу загуби во техника и поради тоа бугарските фашисти во немоќ да се справат во уништување на партизаните се нафрлиле на мирното цивилно население со масовни колежи, грабежи и убиства, а кулминација на погромите над цивилното население е масовното стрелање во Ваташа, на 16 јуни 1943 година, кога на датумот на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон Втори се убиени 12 младинци на најперфиден, злосторнички и подмолен начин.

Вечерта на 15ти јуни низ Ваташа се проширила веста дека утредента никој не треба да оди на работа, затоа што бил роденден на бугарскиот престолонаследник и наводно во Кавадарци ќе се одржувала парада. Кога се разденило на 16ти јуни, целото село било блокирано од бугарска војска и полиција и никој не можел да излезе, а оние што тргнале на работа ги враќале назад. Во селската меана на Васил Хаџи Јорданов ги затекнале скриени скоевците младинци на чело со Блаже Ицев, каде почнале крвнички да ги тепаат од полицискиот заменик-началник Петко Опреков, поручникот Борис Костов и двајца бугарски агенти, а во селската кафеана во Ваташа биле приведени и сослушани уште неколкумина младинци и девојки. И тие биле скоевци кои кришум им помагале на партизаните, но биле накодошени од Кметот кој ги собирал од куќите со готов список, каде сите ги имало по име и презиме.

Во кафеаната сите тие се испрашувани и тепани, а потоа се терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит биле ослободени само еден младинец и една девојка, а сите останати 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и бегството во планината. Најстрашно е што откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, бугарската фашистичка полиција и војска ги одвеле пешки во колона еден по еден кон Моклиште и додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале за да одлучат каде да ги стрелаат, додека нив ги лажеле дека ги носат за да ги фотографираат. Најстариот од сите скоевци, Васо Хаџиjорданов, насетил дека нешто лошо се подготвува па кај месноста викана “Чаир“ каде биле запрени тој почнал да бега, а по него побегнале и други, по што дванаесетте младинци биле застрелани. Четирите девојки што исто така биле уапсени Мара Хаџи-Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева во последен момент ги тргнал настрана капетан

Борис Жеглов кој застанал пред нив во одбрана со дел од неговата единица и се спротиставил на стрелањето и така девојките биле спасени. Во записите кои се запишани како сведоштва на девојките, а кои биле натерани од поручникот Костов да се припојат до младинците се спротивставил капетанот Жеглов кој нагласил дека не е таква наредбата. Ова говори за претходно спремана акција од страна на фашистичкит



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 22:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.