Колумни

Е ова е жената која заслужува да стои на бина пред народ, а не некакви си Аделини ова е пример на образованост, убавина и интегритет

Лиса Баута Шаќири: Народот е поделен по секоја основа – дајте луѓе да се обединиме

Сопругата на рок пејачот и кандидат за градоначалник на Скопје, на последните локални избори, Бени Шаќири, и ќерка на легендарниот фудбалски судија од Струга Беким Баута, Лиса Баута Шаќири, многу често привлекува внимание во јавноста со своите статуси на својот профил на социјалните мрежи.

Лиса најчесто погодува во центар, анализирајќи ги и коментирајќи ги актуелните политички и општетсвени случувања.

Така беше и денес. Во последниот нејзин статус, Лиса Баута пишува нешто за кое треба сите ние да се замислиме!

„Народот во оваа земја нема никогаш да стр ада од ниедна политичка игранка, колку што ќе страда од фактот што е поделен по секоја основа.

Не знам дали е до мене што сум станала хиперсенситивна ама веке ме болат сите овие “северџани”, “вмрони”, “каури”, “си птари”, “про-руси”, “про-еу”, “амери”, “соросоиди” итн итн.

Назад ни е времето, тек ќе треба да се излезе од дома да се купи нешто за ручек со пари кои ги немаме, ќе скроламе на инста и /е гледаме како уживаат луѓето на плажа, а ние не можеме децата ни до Охрид да ги однесеме.

Ќе чекаме редици пред амбуланта за некој ротавирус, ќе се молиме да ни се падне асален доктор, ќе и се заблагодариме на медицинската сестра само заради фактот што не не отерала ”у три лепе” со поглед, туку ни се насмеала и ни кажала дека се ке биде во ред!

Ќе дојде септември и ќе треба да купуваме чанти, книги, тетратки со позајмени пари.

Ќе дојде зима па ќе земеме кредит за да се грееме, кој има среќа ќе си купи и нов капут.

Кој има среќа ќе оди на работа, која не ја сака а истовремено ќе му се моли на Бога да не пропадне фирмата зошто работа тешко се наоѓа.

Ќе пцуеме во сообраќај, ќе се караме по дома, ќе бидеме мизерни се додека касиерката од маркетот со насмевка не ни каже “имајте убав ден” или колешката на работа не даде комплимент за новата фризура!

Нас секојдневието ни е отруено со негативна енергија, животот е нешто што чекаме да помине, па од целата таа фрустрација бараме виновник во се и сешто.

Дајте луѓе да се обединиме! Дај насмејте се еден на друг! Сите сме во исто г***о!

Да направиме да ни е подобро, без разлика на се! Од нас зависи.

Ке се изедеме еден со друг, а тогаш веќе нема да е важно “кој ќе победи” зошто сите ќе бидеме губитници!“



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.