Црна Хроника

Две лица сами ја ограбиле фирмата во која работеле, па пријавиле разбојништво

Полицијата денеска приведе две лица од Скопје, кои на 18 овој месец испланирале грабеж на фирмата за брза достава на пратки во која работеле, по што во полиција пријавиле разбојништво во кое им бил одземен дневниот промет.

Полициски службеници по добиените оперативни сознанија денеска ги привеле М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје.

– Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат село Чифлик – село Рженичино кај место викано Кисела Вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет, а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво, се вели во соопштението од МВР.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 11:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.