ТОПЦрна Хроника

Двајца блиски на раководството на СДСМ убиени на улица

Двајца блиски на раководството на СДСМ убиени на улица

Две лица се жртви во вооружената пресметка во средата вечерта во скопската населба Бутел 2, а неофицијално станува збор за лица од таканаречениот клан Камбер за кој во скопското подземје се смета дека е близок на СДСМ, пишува Нетпрес.

По пукање од автомобил доцна вечерва во скопски Бутел 2, убиено на самото место е едно лице, а едно е тешко повредено при што итно е префрлено на Скопските клиники, каде што според сѐ уште непотврдени информации починало од здобиените повреди.

Станува збор за крстосницата меѓу булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, наспроти ресторанот „Султан“ пред ткн „социјални“ згради, а голем број на полициски единици се на тереноткаде што на терен се голем број полициски возила, припадници на специјалните единици и неколку возила на Брза помош.

Според неофицијални информации, едно од убиените лица е со иницијали К.И.

Нетпрес објавува дека се шпекулира дека станува збор за пресметка во подземјето кое е блиско на владејачката партија.

Изворите велат дека еден од убиените бил близок на еден од потпретседателите на СДСМ, Мухамед Зекири, како и на неговиот сопартиец градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски. И напаѓачот, исто така, според истите извори бил близок на лица од владејачката партија, објави Нетпрес.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.