Македонија

ДУИ контра Груевски: И од ВМРО-ДПМНЕ баравме гаранција

timthumb

ДУИ ги демантира тврдењата на Никола Груевски дека никогаш не побарале писмена гаранција од ВМРО-ДПМНЕ како што тврдеше тој во интервјуто за ТВ Нова.

Портпаролот Бујар Османи повторува – гаранцијата што се бара од СДСМ е истата што беше испорачана и до ВМРО-ДПМНЕ, објави Алсат-М.

– Тоа е истата што ја имавме со ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите – јасно да се детализира законот за албанскиот јазик и целата платформа да се смета заедничка платформа за евентуална владина програма, изјави Османи.
Тој кажа и дека се уште се актулени сите пет опции кои ги разгледува ДУИ, меѓу коии коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот Ахмети одржува контакти со сите политички партии, сè уште остануваат сите 5 опции отворени поради тоа што цениме дека првата понуда беше недоволна и не знаеме колку ќе биде задоволувачка втората понуда, затоа сите опции остануваат отворени. Решението ќе се заснова на тоа дали ќе бидат задоволени барањата на ДУИ за реализирање на платформата и договорот потпишан со албанскиот народ на 11 декември – додава Османи.

Османи повтори дека СДСМ ќе може да смета на потписите на пратениците на ДУИ само ако се постигне договор прифатлив за партијата.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.