Македонија

ДУИ ЈА СПАКУВАА ВИЛМА СУСПЕНДИРАНА Е И ЌЕ ОДГОВАРА

ДУИ , цареви , си грмите! ⚡ Да се знае кој коси , кој вода носи! 👑 Во време на сдсм, во време на вмро, за вас зима нема! 👏

Mustafa Hajrulau od Dui ja suspendiral Vilma Ruskoska Ajrulahu od viso e kuce na Blerim bedzeti

Ajrulahu i dilaver bektesi se 2 obviniteli koi dava pozitivno mislenje za da se ukine presudata za ismet guri i ejup halimi i protiv odlukata na apelacija i osnoven

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија, дознава „А1он“. Информацијата ја потврдува и обвинителката. Според информации на „А1он“, одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција. Се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.

„Само што добив решение за суспензија“, вели Русковска за „А1он“.

Вилма Русковска е суспендирана, поведена и дисциплинска постака за утврдување на одговорност

Членови од дисциплинската комисија за „А1он“ брифираат дека постапката за утврдување одговорност за сторена дисциплинска повреда се спроведува по поднесен образложен предлог од републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Тие брифираат дека кон предлогот се доставени и докази.

„А1он“ побара, но не доби официјален одговор од претседателот на дисциплинската комисија, Мустафа Хајрулахи за поведената постапка, како и кога ќе се одлучува по предлогот. Побаравме став и од републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, но и тој не одговори на пораките.

Поведената дисциплинска постапка е основ за трите обвинители, Русковска, Трајчева и Јосифовска да бидат суспендирани. Според Законот за јавни обвинители, одлука за оддалечување од вршењето на обвинителската функција  носи републичкиот обвинител.

Законот предвидува и неколку случаи кога се утврдува дисциплинска одговорност. Една од нив е ако намерно или неоправдано се направи крупна професионална грешка.

По поднесена претставка за извршен незаконски претрес во финансиската полиција, двајца обвинители од Републичкото јавно обвинителство надлежни за надзор над Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, направија увид во предметот, по што изготвија извештај во кој констатира дека има неправилности при постапувањето во предметот. Три дена по изготвувањето, тој беше доставен до финансиската полиција и јавноста.

Најпрво се наведува дека Трајчева и Јосифовска биле ненадлежни да постапуваат по предметот, бидејќи не се дел од тимот обвинители кои утврдуваат одговорности кај лица со полициски овластувања.

Потоа, се посочува дека претресот е направен иако во списите немало ниту докази за основано сомнение за сторено кривично дело туку само кривична пријава. Исто така, во него стои дека Трајчева не дала информации до Републичкото обвинителство иако тоа било побарано од неа. За дозволата за претрес добиена од кривичниот суд, се вели дека е добиена со давање  погрешни информации.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.