ДРАМА ВО КОМПЛЕКСОТ ВЕРИНА: АДЕЛИНА ТАХИРИ НАТЕПАЛА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ НА СОСЕДИТЕ, ИНТЕРВЕНИРАЛА ПОЛИЦИЈА, СОСЕДИТЕ СЕ ЖАЛАТ ОД БРАЧНИОТ ПАР ТАХИРИ – СЕРЈОЖА
ретро
Жители на елитниот станбен комплекс Верина во Волково се жалат дека брачниот пар Серјожа – Тахири не се добри комшии, дека го кршат куќниот ред, се однесуваат насилнички што кулминирало вчера кога Аделина Тахири натепала 12 годишно дете на соседите по што била повикана полиција која направила запасник.
– Многу се однесуваат некултурно, Серјожа се заканува со претепување на соседите, Аделина тепа деца, плус се крши нон стоп и куќниот ред, има договор да не се тресе ѓубре од прозор за да не се наштетува на соседите кои се под вас, но Аделина речиси секој ден тресе некои черги и јамболии…
Многу сме изненадени од нивното однесување ако се знае дека се јавни личности, позната селебрити двојка која важи за многу културни цивилизирани луѓе, но во реалноста се вистински ужас ни го нарушуваат спокојот и мирот во населбава. – велат соседите кои го контактираа
———————————————————————————————————–
Пративме порака до Аделина Тахири за реакција, штом ја добиеме ќе ја додадеме и нејзината верзија за овие наводи.
Инаку случајот е заведен и во билтенот на МВР за вчера:
