Македонија

Драган Тевдовски замина во Вашингтон, ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд, Е НЕ ОВДЕ СО ЗАЈКО ОД МУРТИНО ЌЕ СЕ ЗАЕ*АВА

Тевдовски од позиција на министер за финансии имаше идеја да ја намали разликата помеѓу богатите и сиромашните преку прогресивното оданочување, но тоа не има се допадна на бизнисмените поради што овој данок не заживеа.

Поранешниот министер за финансии во владата на СДСМ Драган Тевдовски, деновиве замина од Македонија.

Тој отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд.

Тевдовски е еден од  македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот.

Тевдовски од позиција на министер за финансии имаше идеја да ја намали разликата  помеѓу богатите и сиромашните преку  прогресивното оданочување, но тоа не има се допадна  на бизнисмените поради што овој данок не заживеа.

На 25 јуни 2019 година Собранието го разреши од министерската позиција. На министерското место потоа седна Нина Ангеловска која го стави во мирување прогресивниот данок  и најави длабинска анализа.

Тогаш Тевдовски преку Фејсбук ги повика пратениците на СДСМ  пред да гласаат за ова, да помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ.

Тој  е  вонреден професор на катедрата за математика и статистика и е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 18:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.