Занимливости

Др. Нико Беќаровски: Се согласувам и тврдам дека дел од 25.500 досега регистрирани, се лажно позитивни, само контаминирани и колонизирани со вирусот, ама не и БОЛНИ

КОЛКУ СМЕ ЗАГЛАВЕНИ И ЗАРАЗЕНИ ???

Се согласувам и тврдам дека дел од 25.500 досега регистрирани, се лажно позитивни, само контаминирани и колонизирани со вирусот, ама не и БОЛНИ, ама од друга страна има и огромен број на вистински ЗАБОЛЕНИ кои не се тестираат, кријат, лажат, се лечат од “настинки” по приватни ординации итн.

Ајде да тргнеме од параметарот леталитет.
Во Мк за жал до денес починаа 874 пациенти од Ковид. Ако го прифатиме општо прифатениот процент за леталитет од SarsCov-2, односно 1-3%, бројот на досега вистински заболени би се движел меѓу 27.000- 87.000, што е многу поголем од тој што сме го откриле. Ако во последните 14 дена имаме 103 починати, во моментов реално имаме 3.000 – 10.000 вистински болни. Звучи страшно, нели, ама e реално.

Ако ја примениме математиката на Вело Марковски, кој тврди дека смртноста од вирусот е 0.15% бројот на досега заболени во Мк би бил преку 1.000.000. И на крајот, ако веќе десетина дена бројот на позитивни е околу 1/5 од тестираните, моменталната “прокуженост” (не можам да се сетам на мк збор) е околу 400.000.

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 16:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.