Живот

Дознав дека маж ми фатил шваљерка: Тогаш јас му се вратив дома со размачкан кармин и сè се смени

Се венчавме кога бевме многу млади, веднаш откако завршивме школо. Многу се сакавме, но нашата љубов започна да се губи откога се родија децата и откако ни се случија бројни проблеми.

Започнаа кавгите околу пари, околу моите-твоите, кој помага а кој не помага околу децата, околу домат, кој излегува повеќе и се релаксира, а кој нема време ниту да здивне и некако овие кавги ни станаа секојдневие и се оддалечивме еден од друг.

Речиси и да престанавме да разговараме и сè помалку си обраќавме внимание еден на друг. Ова однесување и проблеми кои ги имавме не доведоа до тој степен на оддалечување, што јас еден ден дознав дека тој си нашол љубовница.

Верувам дека голем број се соочуваат со вакви или слични проблеми и на крај еден или двајцата партнери си наоѓаат прибежиште кај трето лице, а дали ќе се сочува бракот многу зависи од толерантноста на оној што е изневерен, од финансиската ситуација, воспитувањето… но, најмногу од тоа дали ќе дознае за неверството.

Со мојот сопруг често разговаравме за развод, најчесто јас бев таа која во момент на лутина веднаш сакав да се разделиме и да престане оваа напорна ситуација, но кога дознав за неговото неверство, нешто како да ми кликна во стомакот.

Отсекогаш си мислев дека кога би дознала за мојот сопруг дека ме изневерува, дека тоа би предизвикало бурни реакции кај мене од типот на бес и лутина. Но овојпат, за мое изненадување такво нешто не се случи, туку почувствував огромна тага и многу, многу љубомора.

Му бев нему љубоморна и на таа некоја девојка и сфатив дека не сакам никому да му ја препуштам љубовта на својот живот. Сепак, тој беше љубов на мојот живот и некогаш ме гледаше со вљубени очи и таа љубов ја чувствуваше само кон мене.

Тоа ми ги отвори очите и сакав мојот маж да ми се врати. Затоа одлучив да се борам за него, за таткото на моите деца. Не му кажав дека знам за неговата афера, но одлучив јас да се променам.

Најпрво ја променив фризурата, а потоа и гардеробата. Се почестив себеси и со еден скап парфем. Веднаш видов дека тоа го забележа мојот сопруг, но немаше никаква реакција од негова страна. Не придаде никаква важност за мојата промена.

Тогаш сфатив дека треба да преземам некои важни и сериозни чекори ако сакам да го придобијам назад, ако не е веќе предоцна за тоа. Одлучив еден викенд да излезам со другарките, на мојот сопруг му реков дека одам на некој настан и дека не знам кога ќе се вратам.

Секако, не му кажав каде се одржува тој настан ниту со кого ќе одам. Заминав со пријателките во кино, а потоа и на по еден пијалак во локалното кафуле.

Остатокот од вечерта го поминавме во прошетка низ градот и гледав што подолго да се задржам. Ден претходно одлучив да купам еден машки парфем кој малку го испрскав на мојата облека пред да се вратам дома. Малку си го размачкав карминот и влегов дома.

Беше доста доцна во ноќта кога се вратив, а мојот маж сè уште беше буден. Веднаш забележа дека сум добро расположена и го почувствува машкиот парфем. Гледаше во мене бесно и беше целиот црвен во лицето, но ништо не ми рече. Се заврте и кажа дека ќе оди да спие. Следниот ден се однесуваше резервирано со мене и цел ден беше лут, никогаш не сум го видела таков.

Кога вечерта започнав да се дотерувам за да излезам на кафе со пријателките, ми забрани да излегувам. Следното утро стана од спиење пред мене и ме чекаше со кафе во кујната. Сакаше да разговараме за нашиот брак и за нас двајцата.

После долгиот разговор заклучивме дека двајцата сакаме да си го спасиме бракот и дека сè уште се сакаме. На многу едноставен начин успеав да го извлечам маж ми од прегратките на друга жена и ќе дадам сè од себе повеќе да не и се врати.

Ова е и мојот совет за сите млади жени кои си ги сакаат своите мажи и не сакаат да им и препуштат на некоја друга својата животна љубов, поради криза во бракот. Секој брак има кризи, но не дозволувајте да се појави празнина меѓу вас, затоа што веднаш ќе се појави некој кој ќе сака да ја пополни таа празнина.

ПРОЧИТАЈТЕ: Силна жена не се раѓа, животот ја прави таква – а кога ќе стане таква, никогаш не трча по овие 7 работи

Силна жена не се станува преку ноќ и таа не се раѓа таква, силната жена ја моделира самиот живот, ставајќи пред неа бројни предизвици.

Таа сфаќа дека работите на кои им се спротивставувала и со кои се борела во животот се токму оние работи кои морале да и’ се случат, за да може таа да расте и да оди напред.

Силната жена исто така, сфаќа дека е бесмислено постојано да се трча по работи кои нема да и’ помогнат да напредува во животот. Затоа, една силна жена нема да трча по следниве седум работи.

-МАЖИ. Таа има доволно самодоверба за да знае дека вистинскиот маж ќе се појави во нејзиниот живот, тогаш кога за тоа ќе дојде време. Знае дека во својот живот заслужува маж кој ќе се потруди да и’ покаже дека навистина, искрено ја сака.

-ЉУБОВ. Силната жена знае дека е невозможно да се трча по љубов. Таа знае колку е важно човек да се сака себеси и да биде во хармонија со самиот себеси. Силните жени сами себеси се доволни. Тие не трчаат по љубов, тие едноставно остануваат отворени за неа.

-ЛУЃЕ. Силните жени не трчаат по други луѓе, без разлика дали станува збор за фамилија, пријатели, колеги или за било кој друг во нивниот живот. Секогаш ќе се трудат околу луѓето за кои се грижат и ги сакаат, но кога тоа внимание нема да им биде возвратено, едноставно ќе се откажат.

-ОДОБРУВАЊЕ. Одобрување од другите луѓе е нешто што силната жена никогаш нема да го направи. За неа тоа е губење време и енергија. Силните жени не бараат туѓи оправдувања за своите постапки, тие ги бараат само своите. Не ги интересира ниту туѓото мислење и туѓите ставови и знае дека другите луѓе не ја дефинираат.

-ПАРИ. Таа знае дека парите не ја купуваат среќатата. Таа не трча по пари, туку се фокусира на своето внатрешно растење. Силната жена вложува во себеси, бидејќи знае колку тоа е важно.

-СРЕЌА. Силната жена не трча по среќа, знае дека само таа и единствено таа е одговорна за сопствената среќа. Таа знае дека среќата се наоѓа во патот кој ќе го одбере и начинот на кој ќе го живее својот живот.

-УСПЕХ. Силните девојки и жени не трчаат по успехот. Во својот живот тие го привлекуваат успехот така што работат на себеси, подобрувајќи се секојдневно. Тие се трудат и работат вредно, бидејќи знаат дека нивниот труд ќе се исплати.

Фото: Илустрација



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.