Балкан

Документарецот „Српска мајка“ откри дека со медиумите е во кавга, ама затоа летната агенда покажува дека бизнисот и цвета: И да врне ида вее, Цеца летово ќе пее… а и дебело ќе заработи!

Документарецот „Српска мајка“ откри дека со медиумите е во кавга, ама затоа летната агенда покажува дека бизнисот и цвета: И да врне ида вее, Цеца летово ќе пее… а и дебело ќе заработи!

Светлана Цеца Ражнатовиќ е одново многу актуелна. И во медиумите и со концертите и настапите. Документарецот „Српска мајка“ откри дека на Цеца можеби не и оди со медиумите. Во него беше преставено нејзиното криминално милје и конкциите со криминалот и криминалното подземје пред, за време на врската и бракот со Аркан и периодот по неговата ликвидација. Земунскиот клан, Шиптар, Легија… беа дел од нејзината докумантарна приказна која фолк дивата преку своите адвокати се обиде да ја забрани за емитување и да ја симне од Јутјуб, во што неуспеа. Тужбите следуваат.

Од друга страна пак, понсе изгледа дека на Цеца и оди како некогаш. Летната агенда покажува дека бизнисот и цвета,па така таа ќе има вкупно десет концерти во регионот во текот на јули и август,од кои и два кај нас во Македонија: во Охрид и на аквапаркот во Пробиштип.

Ако земеме предвид дека нејзината просечна сума е 30 000 евра по настап, тоа значи дека пејачката ќе биде побогата за 300 000 евра за тие десет настапи, што секако е рекорден кога станува збор за летните турнеи на регионалните или домашните sвезди. Како и да е и да врне и да вее, Цеца летово ќе пее… а и дебело ќе заработи!

Извор близок до пејачката тврди дека има многу повици и понуди за концертни настапи и за претстојните есенски месеци, но таа нема да закажува концерти од септември, бидејќи не е познато каква ќе биде состојбата поради можно влошување на корона пандемијата.

Но, ако се биде барем приближно како сега, Цеца можно е да се премисли зашто пари и оа како и требаат. Заради енормните трошоци што ги имаше во последние една и пол година кога заради короната не пееше. Раѓање на внучето, крштевки, родендени, нејзин, на ќерка и Анастасија, ново момче, луксузни прослави и патување… сето тоа скапо чини. А  најавените судски тужби и адвокатите, уште повеќе!

Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.