Занимливости

Доаѓа вистинска зима – ниски температури, снег и дождови

Денес на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат поинтензивни, особено во јужната и источната половина од државава.

Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм. На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег).

Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.

Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.

Локални врнежи ќе има и утре а посуво време ќе имаме за а викендот.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од – 4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од – 1 до 6 степени.

За време на викендот во утринските часови температурите понекаде ќе се спуштаат дури до околу – 10 степени, а во планинските предели и под – 10 степени.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.