Занимливости

Директорот на ЗОО Скопје се подновил со патики од 730 евра, машала!

Невработеноста галопирачки расте.Северна Македонија е во најдлабока рецесија во последните две децении поради пандемијата на Ковид-19. Но за некои функционери, нема зима.

Галетановски

Северна Македонија е во најдлабока рецесија во последните две децении поради пандемијата на Ковид-19. Светска банка во најновиот извештај предупредува на предизвиците, но и ризиците кои ја демнат македонската економија во услови на глобална криза. Меѓународната финансиска институција укажува дека ударот е врз сите сектори на економијата која годинава ќе биде во минус од 4,1%.

„Пандемијата со Ковид-19 силно ја погоди економијата на Северна Македонија, со ограничување на движењето, нарушените синџири на снабдување и продолжената неповолна епидемиолошка состојба, кои влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата”, изјави Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Невработеноста галопирачки расте.Стапката на невработеност од 16,7 проценти е евидентирана во вториот квартал од оваа година, објави Државниот завод за статистика. Сиромаштијата чука на голема врата во земјава.

Но тоа не ги засега некои именувани функционери, кои се однесуваат како во да се во Лас Вегас. Директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски е еден од пулените на Градоначалникот Петре Шилегов кого очигледно не го интересираат податоците погоре.

Покрај половина милион евра потрошени од Градската каса, народни пари… за Диносауруси од пластика, кои ќе бидат декор во ЗОО Скопје, и за други ненеопходни зафати во време на пандемија троши како во време на економски раст и цутење на државата.

Само пред две недели бевме сведоци на продолжен викенд без ДДВ. Граѓаните кои беа во посета на скопската Зоолошка градина тврдеа дека во објектот каде има огромна фрекфенција на посетители за голем дел од услугите не се издаваат фискални сметки.

Тие наведуваа дека во скопската ЗОО градина им била издадена фискална сметка само на влезот заедно со билетот кој чини 80 денари. Но за услугите кои ги нуди градината откога ќе влезете внатре не се издаваат фискални сметки за ниедна од нив: Бејби ЗОО која чини 20 денари, тура за прошетка со воз низ Зоолошка 50 ден, во кафулето не се издава фискална за ништо, трамболина 10 минути скокање 40 денари, балони со хелиум 50 денари, семки пуканки, шеќерна волна балони вртелешки.

Зоолошката градина е во центарот на Скопје и под Управа на Градот Скопје ….”, пишува разочараниот граѓанин кој како плаќач на данок сака системот да функционира за сите.

Две години в.д.Директор на скопската Зоолошка градина е кадарот на СДСМ Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, близок соработник на градоначалникот Петре Шилегов кој го именувал за директор. Галетановски беше шеф на скопскиот изборен штаб на Пендаровски во трката за Претседател за Република Северна  Македонија.

Галетановски

Деновиве популарниот Чомбе се подновил со патики вредни 750 евра и си се пофалил позирајќи на социјалните мрежи.  Додека некои деца незнаат како од дома да се приклучат на настава затоа што нивните родители изгубиле работа и немаат средства за лап топ и интернет, а некои доаѓаат и во криза за основни средства за храна и лекови, нашите функционери живеат како да се функционери на Обединетите Арапски Емирати. Некои, веројатно и подобро.Затоа што да дадеш една плата за патики?!!!!

 

Некогаш, скромноста беше доблест!

И не само тоа, дали некој во оваа држава се заинтересирал како сите тие објекти и даватели на услуги ги добиле концесиите, под кои услови, зошто никогаш нема инспекција да ги испита наводите зошто не се издаваат фискални сметки, кој е вистинскиот сопственик на фирмите и кои се фирмите кои работат внатре. Јавноста заслужува транспарентност, бидејќи Зоолошката градина е на Скопјани и на Скопје, и тие плаќаат со своите даноци за неа.

линк тука

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 15:56 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.