КолумниМакедонијаТОП

Димса; Поцрнев веќе да не ме мислите

Тој не е на државна плата и ако има пари, може да се шета од Монте Карло до Малдиви и назад, ако му е кеиф. А згора на сето тоа, приказната за оваа фотка од Монте Карло е толку банална што СДСМ прописно се избрука...

Не ги разбирам сдсмовциве и сите други што на ваков начин објавуваат „папараци“ фотки за тоа кој каде бил на одмор.
Плусинфо официјално постави прашања до повеќе политичари каде летуваат, бидејќи тоа е легитимен интерес. Граѓаните треба да знаат каде летуваат водечките политичари и тоа не треба да се крие.
Но, ова со оваа „папараци“ фотка од Димче Арсовски навистина е резил.. Арсовски не е водечки политичар, иако е млад и перспективен. Тој не е на државна плата и ако има пари, може да се шета од Монте Карло до Малдиви и назад, ако му е кеиф. А згора на сето тоа, приказната за оваа фотка од Монте Карло е толку банална што СДСМ прописно се избрука…
И за тоа има чаре. Во вакви ситуации, се вели – извини.
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ВО СКОПЈЕ, СДСМ МУ ВАДИ СТАРА ФОТКА Семејството Арсовски било со бебето во Монте Карло, ама кај блиски роднин

Dimsa Arsovski е во Палата Др. Христо Татарчев – Централен Штаб на ВМРО – ДПМНЕ.

1 ч. Skopje 
Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период.
Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам.
Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди.
Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил.
Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе, отколку еден просечен одмор на било кој функционер на власта и СДСМ.
НО, слика од мене и сопругата во моментов на СДСМ им е поважна за да се дефокусира целата јавност од реалните проблеми, а тоа се:
– историски најлошо менаџирање на власта
– историски највисок степен на корупција
– распродавање на национални интереси
– штетен протокол со Бугарија
– наместени тендери од прв до последен за провизии на луѓе блиски од СДСМ
– најзадолжена држава во регионот
– најнеуспешна Влада што постоела
– историски најниска доверба во судството од 8%
– покачувањето на даноците, инфлацијата и задолжувањето
– илјадници починато заради лошо здравство, од кое се обогатија со провизии крвавите раце на СДСМ
Никогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и лага дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак.
Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сѐ што се случува во државава, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.
И, да, со напади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.
Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден криминал на власта, криминал кој го имаат направено криминалците од СДСМ.
Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги украдовте од народот, на криминален начин на кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.
Воедно да им порачам да не бидат лицемери колегите од СДСМ, ваквите хајки што ги нарачуваат против мене, ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели? 🙂


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.