БалканМакедонијаЦрна Хроника

Димитровски: Група вооружени Бугари треба да влезат во Македонија да предизвикаат инциденти

Група Бугари кои поседуваат оружје, според информациите кои ги имаме, треба да влезат во Македонија и да предизвикаат инциденти, рече заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

Според Димитровски, не станува збор за организирани групи, туку за поединци со слична цел, а имено дополнително да ги под греат и онака вжештените односи меѓу двете земји, а во служба на сосема трети интереси, сепак тие биле спречени во намерата откако македонските служби за безбедност реагирале навремено.

Како што објасни Димитровски тоа е една од причините за тврдата реакција на претседателот Стево Пендаровски по вчерашното заседавање на Советот за безбедност. Генерално, додава Димитровски, од државниот врв бил заземен став дека ќе мора да се реагира „бидејќи за оние кои доаѓаат за да провоцираат нема место во Македонија“.

– Постои сомневање дека зад нив стојат руски разузнавачки служби – објасни Димитровски.

Идејата во задина на овие провокации била со предизвикување на инциденти и можни насилства да се зголемува нетрпеливоста и да се создава чувство на немир и недоверба меѓу двата народи. Ако на тоа се додадат јавните истапи на високи бугарски функционери по настанот во Охрид тогаш јасно е дека тие провокации не се нималку наивни.

Наш врвен приоритет ќе биде безбедноста ако во Македонија дојде бугарска група која е против македонскиот идентитет на одбележувањето на 4 февруари, денот кога е роден Гоце Делчев, кажа Оливер Спасовски.

Според него, МВР ќе одлучува дали Џамбаски ќе влезе во земјава ако се појави бугарскиот европратеник на граница. Шефот на дипломатијата Османи пак, уверува дека изјавата дека му верува само на Христијан Пендиков била симболична.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.