Македонија

Димитров: Немам целосна доверба во Бујар Османи, сакаа да ме пратат во Вашингон за да молчам

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров отворено изјави дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, подвлекувајќи дека неговите напори да успее во преговарачкиот процес не само што се погрешни, туку и опасни.

„Немам целосна доверба во министерост за надворешни. Имам впечаток дека таму има еден драјв за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. Се надевам дека грешам, но моја граѓанска должност, како човек кој со години работи на оваа кауза е да бидам буден и да го следам процесот“, рече Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија. Нагласува дека нечиј интерес и во земјата и надвор од неа е тој да не биде дел од владата, но и да не биде дома, поради што, како што истакна, добил понуда за амбасадорско место што го одбил.

– Сакам да демантирам дека самиот сум се повлекол. Тоа не е точно. Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре особено во последната година во однос и на дефинирањето на националните позиции, значи за самата суштина на маката, ама и на стратегијата, односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна. Разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните настапи, izjavi Димитров на денешната прес-конференција.

Димитров најавува дека ќе остане влијателен дури и ако нема функција. Тој вели дека постојат функционери на кои „не им тежи збопрот“ иако имаат позиција.

Одбил да биде амбасадор во Вашингтон, затоа што таму дипломатски немало да смее да зборува за проблемите.

-Кога го одбив Вашингтон, попат добив и друга понуда, да бидам амбасадор можеби во друга земја. Па, дури можеби и да изберам. Сфатив дека очигледно нечиј влог за да не бидам дома, а со тоа и да ослабат гласовите кои се на линијата во преговорите за коишто јас се борам е голем. Интересот да ме нема инаку не е само домашен. Знаете дека многумина кај соседот ќе бидат еднакво среќни да се ослободат како ме нарекоа вирус поопасен од КОВИД. Но, како што кажав и тогаш против вирусот на идеалите и принципите нема вакцина и токму овој обид да го нема мојот глас дома го прави мојот влог, мојот мотив да останам уште повеќе, рече Димитров.

Поранешниот министер за надворешни работи на крај рече дека и натаму будно ќе ја следи ситуацијата, особено по прашањето за македонскиот јазик во спорот со Бугарија.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.