Македонија

Димитров: Нема да молчам, да го сакав тоа ќе ја прифатев понудата да бидам амбасадор во Вашингтон

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, во своето гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ изјави дека никогаш не бил член на политичка партија туку дека секогаш се борел за своите ставови, без оглед со кого имал политичка соработка.

Не секогаш слушав, туку често и се борев и ми врвеше гласот и дома, бидејќи бев на избори, тоа посебно ме охрабри. Некои битки ги добивав, некои ги губев. Нашата суштинска битка е ако не зборуваме малку појасно и не ги употребуваме вистинските зборови за нашите маки и проблеми и сме лојални на партијата без разлика што прави таа, тогаш тоа никаде нема да не однесе – вели Димитров

Во врска со неговите потези во иднина и за тоа како понатаму ќе дејствува на политичката сцена, Димитров изјави дека нема да молчи, бидејќи ако го сакал тоа, ќе ја избрал понудата да биде амбасадор во Вашингтон. Тој порача и дека е рано да се каже дали ќе формира политичка партија.

Прво, преку јавни настапи, но и со конкретни иницијативи. Мислам дека е рано да зборуваме за политичка партија, само можам да кажам дека ќе бидам културен, но и исклучително непријатен на овие теми, време е дома искрено да разговараме за нашите проблеми, каде сме денес и каде сакаме да одиме. Ќе зборувам помалку за актуелните играчи и состојби, а повеќе за модели како да го подобриме животот и вербата на луѓето – порача Димитров.



Македонија

Заболени
252,947
+2,071
Мртви
8,177
+11
Излечени
225,056
Активни
19,714
Last updated: 22/01/2022 - 00:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.