Македонија

ДИК ги прифати кандидатските листи, најмногу забелешки за дублер партијата СДПМ

ДИК им остави рок од 48 часа на дел од 13-те политички партии и коалиции кои доставија кандидатски листи за да ги остранат констатираните недостатоци, како достава на транскациска сметка за изборна кампања, уверение за неосудуваност, изјави и копии од Лични карти на кандидатите, пренесе Телма.

komisija_dik-1

Коалицијата за промени и правда треба да го зголеми бројот на кандидатите жени а најголемиот број забелешки се однесуваа на листата на Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски. Исто како во неколку претходни изборни циклуси, оваа партија предложил лица со имиња кои се исти или слични со имињата на дел од кандидатите на СДСМ.Во третата изборна единица оваа партија за носител стави лице со исто име и презиме како Љупчо Николовски дополнителниот заменик мин за земјоделие кој е исто така носител на листа во тројката на опозицијата.Стево Пендаровски од единицата ќе се натпреварува со Стево продановски од зелениково а на Радмила Шекеринска во петката ке и се спротивстави Радмила Шукуровска од Прилеп.

Дел од членовите на ДИК сметаат дека СДПМ има јасна цел да ги збуни гласачите, дека станува збор за продолжено кривично дело со кое треба обвинителството да се занимава.Ова е подмолен начин со повторување на изборни циклуси да се стави забуна рече Горан Милев бидејки ниту еден доказ не доставиле. Силвана Бонева смета дека не е во ред ДИК да оди вон своите ингеренции и да дава недолични квалификации.Според Субхи Јакупи со овој пример пак даваме индикации за изборни нерегуларонсти

Согласно изборниот законик,ДИК одлучи на СДПМ да и остави рок од 48 часа за да ги коригира пропустите.Ова апартија инаку не е активна во јавноста но пред речиси секои избори станува актуелна поради кандидатските листи.Во 2006, 2008 и 2014 партијата предсложи кандидати со имиња на Зоран Зашев,Рада Шеќерова,Јанис Макрис,Марјанчо Наков,петре Петров и на некои избирачки места успеа да земе дел од гласовите на СДСМ.За најновата листа на СДПМ, СДСМ најави дека ќе партијата ке ја разгледа можноста за поднесување на кривична пријава

Распоредот на партиите на гласачкото ливче ке се утврдува со ждрепка која е закажана за 20 ноемрви.

© 2012-2016 Copyright Libertas.mk. All Rights reserved.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.