Македонија

ЏАФЕРОСКИ ЈА ОБВИНИ ДУИ ЗА БАШИБОЗУК И ЛАГИ На Спасовски не му пречеа критиките за коалициските парнери

На граѓаните на Општина Долнени им е доста од нивните лаги, манипулации и негрижа, рече Џафероски.

Аднан Џафероски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Долнени ги обвини ДУИ, коалицискиот партнер на СДСМ за 4 годишен башибозук во општината, која сега ја раководи градоначалникот Џемил Ќамили од ДУИ.

– Денеска, заедно со потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги посетивме жителите на Црнилиште, Лажани и Дебреште. Времето на башибозукот на актуелната локална самоуправа завршува на 17 октомври. На граѓаните на Општина Долнени им е доста од нивните лаги, манипулации и негрижа. Додека тие 4 години не мрднаа со прст да направат нешто за општината, јас се обврзувам од првиот ден да ги засукам ракавите и со поддршка од централната власт да почнеме чекор по чекор да ги решаваме проблемите на граѓаните. Време е за нови улици, патишта, водоводи, канализации и речни корита. Време е за најдоброто за Долнени – рече Џафероски.


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.