Македонија

Џафери: Да не дојде до трет протест за струјата, зашто можно е бугарско сценарио!

Ако властите останат глуви за нашите барања за укинување на одлуката за поскапување на струјата и за укинување на Регулаторната комисија за енергетика, можно е бугарско сценарио во Македонија, предупреди граѓанскиот активист од Тетово Аријанит Џафери, кој своевремено ги предводеше протестите против аерозагадувањето, а сега е еден од фронтмените на протестите против поскапување на струјата.

Сакаме да му дадеме шанса на мирот, зашто Бугарија не е далеку. Не сакаме истото да се случи во Македонија, но граѓаните се гневни и сакаат тоа да го направат. Затоа дадовме 10 дена рок да се решат проблемите, но ако останат глуви ќе им се отвори пат на радикалците кои сакаат бугарска метода. Одговорноста за тоа ќе биде кај властите кои нема да ги исполнат нашите барања – рече Џафери за ТВ 21.

Тој додаде дека идната недела планираат протестен марш во три правци кон центарот на Тетово со привремена блокада, но изрази уверување дека нема да дојде до трет протест, бидејќи, според него, тогаш е можно граѓаните може да стигнат до ЕВН и така да настане бугарското сценарио.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.