Свет

Девојче чисти гробови веќе 8 години: Се плашела од духови, сега не ни помислува на страв

Девојче од Австралија се преселило во куќа покрај гробишта со своето семејство пред осум години. Стравувајќи од духови, нејзината мајка ја однела на обиколка. Оттогаш ги чисти гробовите и ги одржува уредни.

Ти Џеј Климен (12) имала четири години кога започнала да живее во близина на гробиштата, а таа мисла страшно ја исплашила.

За да и покаже дека духови не постојат, нејзината мајка ја однела на обиколка на гробиштата.

 

– Додека бевме таму, мајка ми дојде на идеја да започне да ги чисти. Мислата за духови исчезна, а јас продолжив да чистам гробови до ден денес – изјави Климен за Би-Би-Си.

По осум години,Ти Џеј ја добила и австралиската „Day Award“ за социјална работа во локалната заедница.

– Мајка ми плачеше кога ја добив наградата, мислам дека е многу горда на мене – рекла девојката.

Ти Џеј оди на гробиштата еднаш или двапати неделно, каде треба да исчисти 3.500 гробови.

Како што вели, веројатно е потребна една година за да се исчисти сè, а кога ќе ја заврши годината, таа започнува сè одново.

И покрај фактот дека неодамна извршила операција на раката, девојчето вели дека ништо нема да ја спречи да ја продолжи својата работа.

 

 

 

„Луѓето се среќни кога ме гледаат и ми се допаѓа тоа“, вели таа.

Овие денови, таа дури и не размислува за страв.

– Тоа е место каде што се чувствувам како дома, слободно – додаде таа.



Македонија

Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 10:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.