Црна Хроника

Детали за двојното убиство во Топанско поле: Убиените се скопјани на 24 и 28 години, кон нив пукале со пушка и пиштол

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „А1он“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пуштил и автоматска пушка.

Детали за двојното убиство во Топанско поле: Убиените се скопјани на 24 и 28 години, кон нив пукале со пушка и пиштол

Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-Косовска бригада“.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

„А1он“ веќе објави дека уште доцна ноќеска многубројни полициски екипи се излезени на терен за расчистување на убиството. Сведоци на крвавиот настан биле и соседи кои биле разбудени од гласните пукотници.

Увидот на терен и натаму трае, а неофицијално, на разговор веќе се повикуваат лица од кои може да се дознаат повеќе детали за тоа што се случувало ноќеска при убиствата.

Детали за двојното убиство во Топанско поле: Убиените се скопјани на 24 и 28 години, кон нив пукале со пушка и пиштол


Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.