Живот
🍞 Денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода.

Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно.


Се потрудив на дел од нив лично да им ги однесам со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите.

Токму во ,,Св. Спас” во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна го заокруживме денешниот ден.

Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции – Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација ,,Св. Спас” кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија.

честитам
православната Нова Година!
