КолумниТОП

Демант од Митко Јанчев: Тоа што „Кожувчанка“ има бизнис релации со „Тиквеш“ нема врска со пласманот на грозје и со мојата градоначалничка функција

му бакнаа рака фронтлајн на Јанчев па нормално кога е прав

По објавувањето на коментарот под наслов „Дали Митко Јанчев, за глас повеќе, си поиграл со лозарите и организирал „напад“ врз винаријата „Тиквеш“?“ денеска на Фронтлајн (12 септември 2021), во вечерните часови пристигна демант од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Демантот го пренесуваме во целост:

Како актуелен градоначалник на Општина Кавадарци, интересите на моите сограѓани се секогаш на прво место. Така беше изминатите 4 години, така е и сега. Јас сум сѐ уште градоначалник на нашето Кавадарци, а тоа значи дека имам обврска да се грижам за нашата општина и за сите жители и тие се на прво место, а не некакви измислени бизнис интереси.

Тоа што компанијата Кожувчанка има бизнис партнерски релации со компанијата ВВ Тиквеш нема никаква врска со пласманот на грозје на лозаропроизводителите и со мојата градоначалничка функција.

Јас сум тука како градоначалник, како татко на градот кој веќе четири години ги слуша сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и макотрпно, заедно со службите, изнаоѓаме решенија за истите.

Мојата поддршка за земјоделците и залагањето за изнаоѓање решение ќе продолжи и понатаму. Се соочуваме со сериозен проблем во кој нема место за политички игри и собирање поени. Маката и трудот на земјоделците не можеме да ги ставаме на кантар со предизборни кампањи и обвинувања.

Наместо да се шират непотребни и невистините информации подобро би било сите заедно да се вклучиме во изнаоѓањето на решение и да дадеме поддршка – напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во своето писмено обраќање до Редакцијата.

Демантот е објавен веднаш по неговото пристигнување на мејлот на Редакцијата.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.