Живот

Дејан Пелистерка од партиски активист на СДСМ до олигарх на Груевски сега слуга

Со Дејан од Пелистерка во 90-тите заедно се боревме во Унија на Средношколци против Илија Димовски, Антонио Милошоски, Александар Николовски и Влатко Ѓорчев, а тој сега станал главен олигарх и партнер на  Сашо Мијалков!dejanpandeleski

Имаше една манга од младината на СДСМ од Охрид со кој во доцните 90-ти заедно се боревме во Унија на Средношколци на Македонија против дечките од ДПМНЕ. Тогаш во Унија на Средношколци активни од ДПМНЕ беа Илија Димовски, Александар Николовски а на заминување беа Антонио Милошоск, Филип Петровски и Влатко Ѓорчев. Имаше и една Биљана Тевдовска, таа не знам сега каде е, гарант и она негде млати милиони. Таа манга од Охрид се викаше Дејан Панделески и беше близок соработник на Радмила Шекеринска и Лазе Еленовски во СДММ.

Заедно со него организиравме и еден семинар во Струга, јас го организирав со негова логистичка помош. Ни помогна министерството за образование, темата на семинарот беше борба против дрога, беше обид на СДСМ да му конкурира на караванот на ДПМНЕ кој го правеа Гиш, Кили и Снежана Георгиевска кој алудирaше на криминализацијата на општеството тогаш од режимот на Бране и Киро. Јас собрав 200 средношколци од цела држава и една недела бевме во хотел Галеб во Струга. Ни дојде заменик министерот Јашари од ПДП во посета. Убаво си поминавме.

Пред тоа една недела бевме во Стрежево, Битола. Се сеќавам на жестоките дебати кои ги имавме во возот на пат за Битола. Беше тоа жестока борба на мене и Дејан наспроти Илија и дечките од опозициската ДПМНЕ. Меѓу нив беше и сегашниот конзул во Торонто, му го заборавив името. Со Илија потоа често се гледавме и во студентскиот дом Стив Наумов и со години се поздравуваме низ Скопје кога ќе се видевме, се додека не станав новинар и тој не ме замрази крвно и почна и да не се поздравува со мене кога ќе се видевме овие последни години на улица Македонија.

Она што цело време ме чудеше, е каде исчезна Дејан Панделески, ми изгледаше на една опасна манга, уште како средношколец се понашаше многу зрело, ја имаше таа мафијашка мистична насмевка која не знаеш што му значи, гледаше така со очите на сите страни кога збори со тебе, имаше уште тогаш пејџер а потоа и мобилен, тогаш тоа го имаа само милионерите и високите државни функцуонери. Знаев дека е дете на некој голем човек, ама не знаев дека е син на бизнисменот Цветан Панделевски од Охрид кој тогаш беше газда на трафиките и новата лотарија на Тутун, а потоа тие станаа и газди на битолска Пелистерка која и тогаш и сега се смета за златна кокошка. Се чудев зошто го нема во политиката, каде исчезна човекот, како во земја да пропадна, зошто го нема во НВО секторот, што стана со човекот, ми изгледаше како многу јак играч кој далеку ќе тера.

Многу се шокирав кога ја слушнав денешната бомба за Прилеп. Сфатив дека мојот пријател Дејан станал главна манга сите овие години на режимот на ДПМНЕ. Се прешалтал од СДСМ во ДПМНЕ, кум му станал лично министерот и прв соработник на Грујо, Миле Јанакиевски и со Сашо Мијалков  фатиле да влегуваат во компании ширум земјата па Дејан е сега акционер во Стопанска Банка Битола, Здравје Радово а поврзан е и со порталите Курир, Нетпрес и радио РСМ а газда е и на неколку кафани низ градов, како Тренд на пример. Значи станал главен играч, главен бос покрај фамозната четворка Сашо – Ќерим – Жарко Луковски! У ЈЕБОТЕ! Па јас сум се борел цело време против моето пријателче од 90-тите…

Цело време слушав за некој си Дејан Пелистерка, газда бил и на Тренд, па преку Камчев и на десетици фирми, главни манги биле зо земјава, ама ни на крај памет да ми текне дека е моето другарче од Унија на Средношколци, и денеска се обидов да го најдам на интернет, и ете го, тоа е тоа, Дејан, се фрапирав, се работело за третиот по ред во СДММ од 90-тите! Сега се ми е јасно.

……………………………………………….

Oва погоре е сликано на промоцијата на фамозниот календар на Пелистерка пред некој месец.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.