Македонија

Дефинирани уште пет кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во рамки на органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва на седница на Извршниот одбор, беа дефинирани уште пет кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, соопшти генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
За кандидати за градоначалници на претстојните локални избори од СДСМ се предложени:
1. Тони Делков – Неготино;
2. Борче Георгиевски – Гази Баба;
3. Јасмина Гулевска – Могила;
4. Звонко Пекевски – Берово;
5. Даниел Крстевски – Ранковце;
-Заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина. На нешто помалку од три месеци пред изборите имаме потврдени кандидати во 35 општини, односно веќе имаме потврдени кандидати за повеќе од една третина од сите општини во државата, порача Николовски.
-Машината на СДСМ е во погон, неуморно работи во сиот овој изминат период. СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните. Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети. – порача Николовски.
Можно е да е слика од Даниел Крстевски и брада


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.