Колумни

Дефиле на „курири“ организирал Науме Јованоски-Чакар на Бихачќа!?

Борбата за прв човек на социјалдемократскиот Трон во Охрид, влегува во завршна фаза, откако сега поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид, пратеникот Лазе Танески си поднесе оставка, порди неспоивост на функциите кој во дадениов момент ги извршува во СДСМ на РСМ.

Поранешниот бизнисмен, а сега сокриен сопственик во повеќе коцкарски и угостителски бизниси во РСМ Науме Јованоски – Чакар, од поодамна ги истакнува своите аспирации да постане претседател на охридските социјалдемократи, но ваквата позиција ја посакува исклучиво да му послужи како оскочна даска во негова децениска неостварена желба да постане кандидат за градоначалник на Охрид!

Уживајќи во медитеранската клима на преубавите плажи во Касандра Р.Грција, Науме Јованоски -Чакар, на објавениот оглас на СДСМ за избор на Претседател на ОО СДСМ Охрид, во седиштето на СДСМ во Скопје испраќа двајца курири и две апликации за претседател на ОО СДСМ Охрид, оваа втората апликација ја испратил за недај боже првата да залута некаде, а во очекување е секако да испрати и трета, нели трета среќа!

Првата апликација во име на Науме Јованоски -Чакар на Бихачќа ја носи лекарот кардиолог во Ремедика Др Влатко Цветаноски, при тоа користејќи ја својата позиција на лекар кардиолог, дека ете неговиот братучед и Бизнис партнер задолжен за перење на парите од групацијата „Азманов-Цветаноски-Панделески“, претставувал најадекватно решение за прв социјалдемократ во Охрид, но и за иден кандидат за градоначалник на Охрид, што секако од друга страна опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, најповеќе го посакува.

Втората апликација во име на Науме Јованоски -Чакар во седиштето на СДСМ на Бихачќа во Скопје ја носи актуелниот советник во советот на Општина Охрид Ристе Булоски! Како и првата апликација, така и втората апликација е идентична на првата, но нели за недај боже Др Влатко да не успее да заврши работа со првата апликација, втората да биде онака „омладински“ заверена во моменти кога апликантот Науме Јованоски -Чакар се лади во убавото Егејско Море, додека куририте се потат во Скопје!!!

Дали претседателтвото на СДСМ на РСМ во Скопје ќе подлегнат под влијание на куририте кој ги носеле апликациите во изборот за претседател на ОО на СДСМ Охрид, или ќе надвладеат проверките на кандидатите кој колку милионски неплатен данок должат на државата, колкав е нивниот углед кај членството, а и воопшто кај граѓаните во Охрид, останува да почекаме што ќе одлучи претседателството во Бихачќа….

С.Денесовски…Ohrid Sky



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.