Занимливости

Данела Арсовска на чај во Старата скопска чаршија сесрее стаи шеќер горчи онака ќе те бутне ќе те онесвести

На пладневна прошетка низ Старата скопска чаршија, кандидатката за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска, заедно со Беким Сали, кандидат за градоначалник на Општина Чаир и Зуди Кока, носител на листа на советници на Општина Чаир ги посетија дуќаните и разговараа со занаетчиите за нивните дневни активности, дали духот на скопското култно место сѐ уште е присутен.

Чаршијата е омилено место на многу скопјани, уникатна и полна со традиција, претставува обележје на градот. Многу малку држави имаат вистинска стара чаршија каква што имаме ние и затоа сметам дека локалната власт треба да се вклучи повеќе во одржување на автентичноста на чаршијата како и со поддршка за занаетчиите во нивната дејност. Нема некој кој не ја посетил и кој не е воодушевен од неа. Таа е центарот за собирање на сите генерации, голем број уметници, многубројни туристи. Тесната калдрма, занаетчиските објекти, чајџилници, музеи, цркви, џамии и амами се само дел објектите од чаршијата. Живее во духот на традицијата и крие интересни приказни за едно минато кое оставило белег буквално во секое ќоше. Но потребно е континуирано да се вложува во програми за заштита и реставрација на културното богатство, изјави Арсовска.

По официјалната прошетка низ чаршијата, Арсовска, Сали и Кока испија турски чај во една чајџилница и разменија идеи како заедно да помогнат за чаршијата, да се задржи нејзината убавина и како да се привлечат повеќе туристи и љубители на стариот занает. Ова место, кое му дава необичен шарм на главниот град, со своето духовно наследство што датира уште од 12-ти век, е навистина одличен туристички и економски потенцијал за Скопје.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:12 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.