Колумни

„Дами од перо“,не ви е виновен Филипче , виновни сте вие и вашето тотално непознавање на здравствен систем!

Воопшто нема да си новинар од перо или во тренд ,како сакате , доколку мислите да билдате сосптвен новинарски рејтинг или да дигате читаност на порталите ,доколку во ова време на пикот на ковид 19 , барате вина во министер за здравство?!

-Истите кој до вчера се испотепаја да се сликаат со министерот Венко Филипче , денес овие „дами од перо“ ,мака мачат како да го оцрнат здравствениот систем, министерот Филипче,со крајно смешни обвинувања на адреса на министерството за здравство и министерот Филипле?!

-Медицината како комплексна наука воопшто не е’ ,а уште помлаку може да биде желботека на поединци. Здравствените системи секаде во светот поделени се на државен здравствен систем и приватен здравствен систем.Доколку македонските „дами од перо“ не можат да направат разлика помеѓу државен и приватен здравствен систем , тогаш ,наместо да кукаат кој и каде барал Брза Помош,но за да им објасниме ,малку последователно:

1.Системот на здравствена заштита на Република Северна Македонија е развиен така што тој станува компатибилен со системот на ЕУ, со што се овозможува слободно движење на здравствените работници, служби и пациенти.

Системот на здравствена заштита обезбедува:

  • Јавни здравствени услуги насочени кон заедницата, како и здравствени услуги за поединци;
  • Генерирање на човечки и финансиски ресурси;
  • Правилно финансирање на здравствениот сектор: подигање и здружување на доволно финансиски средства, обезбедување на ефективни и квалитетни услуги од давателите на здравствени услуги и соодветни методи за плаќање на давателите на здравствени услуги;
  • Рекреација: ефективна и ефикасна организација и управување со здравствениот сектор.2.Која е улогата и функцијата на Министерство за здравство-Ја подготвува здравствената политика во државата и го следи нејзиното спроведување.
  • Утврдува приоритети во здравствената заштита и го следи функционирањето на системот на здравствена заштита.
  • Врши проценка на организационата поставеност на институциите во системот и потребата од процеси на преструктуирање и/или од формирање на нови институции или дејности
  • Ја следи ефикасноста на управувањето со Фондот за здравствено осигурување, преку посебна единица.

3.Поделба на здравствениот систем во РСМ:

  • Примарна,
  • Секундарна и
  • Терциерна во соодветните здравствени региони.

– Примарната здравствена заштита во Македонија ја обезбедуваат различни типови на приватни и јавни здравствени организации: здравствени станици, здравствени домови и вонболнички стационари при здравствени домови. Превентивните, промотивните и здравствените услуги се обезбедени во примарната здравствена заштита, обезбедена од различни видови на здравствени работници и соработници: Служба за општа медицина, Служба за медицина на трудот, Служба за здравствена заштита на деца од 0-6 години, Служба за здравствена заштита на училишни деца и младина, Служба за здравствена заштита на жени преку општи лекари, специјалисти по општа медицина, педијатри, специјалисти за училишна медицина, гинеколози и специјалисти по медицина на трудот. Како и во многу други земји во транзиција и овде има широко распространета приватизација, голем број на лекари, отворија приватни здравствени ординации. Во моментов, 1607 од 2.722 лекари од примарна здравствена заштита (повеќето од нив општи лекари, педијатри и гинеколози) работат во приватни ординации. Приватните лекари од примарната здравствена заштита не обезбедуваат сеопфатна примарна грижа, вклучувајќи ги сите превентивни услуги и итна грижа по работното време, т.е. не обезбедуваат континуирана здравствена заштита. Целта на приватизацијата на примарната здравствена заштита е да го подобри квалитетот на здравствените услуги,колку е подобрен ,видовме во тек на ковид пандемијата?!

3.Секундарната здравствена заштита се обезбедува во специјалистичко-консултативни служби.

Секундарната здравствена заштита се обезбедува преку општите и клиничките болници, поделени на специјалистичко-консултативни служби за здравствена заштита, одговорни за амбулантска проценка и лекување и болничка здравствена заштита, канцеларии и институти. До овие услуги се пристапува преку упат од избраниот лекар. Секундарна здравствена заштита – Специјалистичко-консултативна здравствена заштита вклучува специјалистичка дијагноза, лекување и рехабилитација. Истатата се спроведува во специјалистичките ординации во здравствените домови, поликлиники, амбулантите во Општите и Клиничките болници, службата за медицинска рехабилитација, како и во специјалните болници.

4.Терцијарната здравствена заштита се обезбедува во клиничките болници и во Универзитетскиот клинички центар. Превентивните, лекувачките и рехабилитационите здравствени услуги се обезбедуваат на овие две нивоа, а здравствената заштита ја обезбедуваат различни типови специјалисти и субспецијалисти.

Следстевно на погоре изнесеното „дами од перо“ кој патем не успеаа да се вдомат во министертвото за здравство заборавиле уште еден битен сегмент кога сакаат да го споредат државниот здравствен систем и приватниот здравствен сектор?!

1.Во државниот здравствен систем се лекуваат сите граѓани кој имаат здравствено осигурување ,а и они кои немаат здравствено осигурување.И ,едните и другите паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.Лекарите и медицинскио персонал во државниот здравствен систем ,должни се да пружат Примарна,Секундарна и Терциерна здравствена заштита на граѓаните на РСМ.

2.Приватниот здравствен сектор ,работи исклучиво по принципот на пазарно стопанство,или ако сакате народно кажано , во стилот :Колку пари , толку здравје!Во приватниот сектор добивате кометичка медицинска услуга , во смисол , апартмани, сестра до Вас, лекри итн, но сето тоа дебело се наплатува од страна на сопствениците на приватните клиники-болници.

Доколку било кој граѓанин , не само во РСМ , туку секаде во свет,сака да добие здравствени услуги во приватни болници/клиники, тој таквата услуга ја плаќа.

Неразбирливо е како госпоѓите Мирослава и Мери не разбрале ,дека лекување од ковид 19 во државните болници , пациентот плајќа симболична партиципација, додека во приватните болници истото лекување се наплатаува од 15000 до 25000 евра, доколку сака пациентот да се лекува во приватна клиника/болница и, тука што не е јасно?!Следствено на погоре изнесеното , барањето на донации за лекување во приватни клиники од ковид 19 ,а и за многу други нешта , е тотална разгаленсот ,поточно ако опали , опали,нели Мирослава и Мери?!

ШТО ПРЕСТАВУВА ПРАВА ОД ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ИЛИ ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ?!

Како итна медицинска помош се смета пружање на дијагностички и терапевтски постапки кои се неопходни за отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето на осигуреното лице.

Осигуреното лице остварува итна медицинска помош без упат од избраниот лекар, кај најблиската здравствена установа која врши примарна здравствена заштита, односно во здравствена установа која има организирано служба за итна помош, според местото на живеење односно според местото каде осигуреното лице се затекнало во времето на потребата од итна медицинска помош.

Итна медицинска помош се обезбедува и кога осигуреното лице не е во можност да го докаже својството на осигурено лице.

Својството на осигурено лице се докажува по престанувањето на итноста.

Итна медицинска помош добива секое лице на кого во даден момент му е неопходна медицинска помош ,а не кој како ќе му падне на памет да бара на телефонските линии 194 за обична главоболка или анксиозност.Во западните земји секоја злоупотреба на итна медицинска помош се наплатува малку подебело , но доколку со злоупотребата се нанесе серозно нарушување на здравје на друг граѓанин , преставува кривично дело.

И ,„дами од перо“ ,доколку сакаат да пишуваат глупости, подобро е малку да истражат во делот на приватното здравствено осигурување.Во РСМ веќе трета година постои приватно здравствено осигурување ,кое осигурување заклучно со 2020 година изнесуваше 6000.00 денари на годишно ниво.СО ваквиот пакет на здравствено осигурување,секој осигуран граѓанин ,му се покриваа здравствените трошоци за лекување во приватни болници-клиники во РСМ од страна на осигурителните компании во висина од 80 %.Доколку сакате да се лекувате во приватни клиники , осигурајтесе со здравствено животно осигурување.

С.Денесовски



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.