Македонија

Дали Заев по шамарот од САД го подгoтвува Фрчкоски за уставен судија или амбасадор во Белград прашува ВМРО-ДПМНЕ

Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фрчкоски е докажан женомрзач, тепач на жени, шверцер на нафта и цигари и министер во МВР кога се случи атентатот врз Глигоров.
Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ која ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија. Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето на Фрчкоски како амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал, и ја посрамоти Македонија.
Фрчкоски е четврти дипломат кој му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ја поткопува западната алијанса и НАТО“ – се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДМПНЕ прашуваат дали Заев по шамарот од САД го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.