МакедонијаТОП

ДАЛИ ЦРВЕНАТА НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОЗЕЛЕНУВА?

Злоупотребата на црвената нафта, односно користењето на екстралесното масло за домаќинствата, наместо за греење – како дизел гориво за автомобилите, е многу опасно за животната средина, потенцираат еко активистите.

„Користењето на црвената нафта како гориво во автомобилите е многу опасно, бидејќи таа се продава поевтино од регуларното гориво, а создава големи проблеми и ја загадува животната средина. Фактот што црвената нафта често се злоупотребува за бизнис цели, прави и да се создава нелојална конкуренција на пазарот на нафтени деривати, и воопшто во економијата во земјава“, вели за Фактор Тони Никушевски, граѓански еко активист.

Вработен спречил разбојништво на бензинска пумпа во Гостивар - Канал 5

Според него, поголемиот дел од горивата во земјава, без разлика дали се за транспорт или за енергетика, не се предмет на контрола од страна на државата и нејзините институции. „Тоа е многу голем проблем, бидејќи дел од горивата можат да содржат голем број на нечистотии и опасни токсични хемиски супстанции“, објаснува Никушевски.

Употребата на екстра лесното масло како гориво за возилата е забрането со законите во земјава. Но, таа практика која датира од поодамна, и натаму продолжува, па оваа нафта често се користи од автомобилите или од камионите, но и од тракторите. Поради фактот што не се спречува, излегува дека државата премолчено тоа го дозволува. Црвената нафта содржи дури 100 пати повеќе сулфур од дизелот, што значи дека за толку е потоксична од тој енергенс. А еден од најголемите проблеми кај нас, особено во зимскиот период, е токму загадувањето на воздухот, кон што во голема мерка придонесуваат и злоупотребите на црвената нафта.

ПРЕЗЕМЕНО ОД ФАКТОР



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.