Живот

Дали се чувствувате старо? – „Мамо, пушти ме“ на Каролина наполни 30 години

„Сè уште рано е, за журки мали сме, и ти си растела мама, желби си имала, си плачела…“ Во 1991 година, поп дивата Каролина Гочева (41) го испеа првиот голем хит „Мамо, пушти ме“ на Макфест во Штип на свои 11 години. Година подоцна, песната се најде на првата касета со тинејџерски мелодии на Каролина, во издание на МРТ.

Mamo-pusti-me-na-Karolina-napolni-30-godini-01.jpg

На неа, покрај „Мамо, пушти ме“, може да се слушнат уште Стефане, Секаде си ти, Првиот бакнеж, Дојди во школо, Волшебни сонувања, Чујте сега, Ѕвездо моја, Насмевни се народе и Страшни планови.

 

 

Песната, односно музиката и текстот за „Мамо, пушти ме“ се дело на Тоде Новачевски, поранешниот сопруг на Маријана Новачевска, односно сестрата на Росана Сариќ Тодорвска.

Иако Каролина има бројни албуми зад себе, награди и концерти, никогаш не смее да се заборави првата голема песна, нели?



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.